Акутен опструктивен ларингит (круп)
Круп е многу честа појава кај мали деца и се случува најчесто кај деца под пет години. Обично се поврзува со настинка (и затоа е почест во зима). Обично не е сериозно. Во тешки случаи, важно е да се исклучи вдишување на предмет.
Заедничко спиење со вашето бебе
Најбезбедно место за спиење на бебињата е во креветче покрај родителскиот кревет. Заедничко спиење е кога родителите ги носат своите бебиња во кревет со нив, кое може да биде опасно за бебињата. Ако одберете да спиете заедно, постојат работи што можете да ги направите за да го минимизирате ризикот кој произлегува од заедничкото спиење.
Грчеви: што да правам
Сите бебиња плачат. Тоа е нормален дел од развојот. Кога бебињата плачат многу, тоа често се нарекува грчеви. Еве неколку работи што можете да ги направите ако мислите дека вашето бебе има грчеви.
Мокрење во кревет
Мокрење во кревет или енуреза е кога децата кои веќе користат тоалет мократ во кревет навечер без никаква намера. Мокрењето во кревет е најчесто кај деца под седум години, но исто така се случува и кај постари деца. Постојат работи што можете да ги направите во врска со тоа.Важно е е да го видите вашиот лекар ако вашето дете започнало повторно со мокрење во кревет откако веќе било „суво“ ноќе.
Грчеви: што се грчеви?
Бебињата кои плачат или се многу вознемирени и не можат да се смират, честопати се опишуваат како да имаат „грчеви“. Не знаеме што предизвикува грчеви, но знаеме дека е тешко да се справиме со нив.
Предности на доењето за време на КОВИД-19
Дали доењето го штити моето бебе?
Доењето спасува животи. Истражувањата покажуваат дека, со зголемување на стапките на доење, би можеле да спасиме животи на повеќе од 820.000 деца ширум светот секоја година. Мајчиното млеко обезбедува антитела кои им даваат на бебињата здрав поттик и ги штитат од многу инфекции. Доколку бебето е изложено, антителата и биоактивните фактори во мајчиното млеко може да се борат против инфекцијата со КОВИД-19. Покрај тоа, корона вирусот не е пронајден во мајчиното млеко и не е докажано пренесување преку доење.
Децата и непријателски развод на родителите
Истражувањата покажуваат дека околу 40% од децата ширум светот доживуваат разделба на нивните родители, и ова се смета за еден од постресните настани во животот. Децата можат да реагираат на различни начини, а повеќето од нив се прилагодуваат на новата ситуација со текот на времето.
Безбедни играчки
Родителите и старателите мора да бидат сигурни дека детската игра е колку што е можно побезбедна, со избирање играчки и реквизити за одмор и рекреација во согласност со возраста и моторните вештини на детето, учење на детето како да ги користат безбедно и континуирано надгледување на малите деца за време на игра.
Дете како патник во возило
Почитувањето на прописите што се однесуваат на децата при нивен превоз со моторни возила, како и практикување на безбедно и сигурно возење, се основните принципи на безбедноста на децата како патници во моторни возила.
Смрзнување
Смрзнувањето (или хипотермијата) е многу сериозна состојба која се јавува кога температурата на телото паѓа под 35 ° C. Најчестите причини што можат да доведат до хипотермија се: потење кога времето е студено, временски услови со ниски температури, влажност и ветер, давење во вода (особено ако температурата на водата е под 10 ° C), дехидрација, итн.