Знаци на умор кај бебиња и мали деца
Кога ќе забележите знаци на умор кај детето, време е да ја намалите стимулацијата и да го однесете на спиење. Знаците на умор кај новороденчиња вклучуваат влечење на ушите, грчење на рацете и нозете и цицање прсти. Бебињата и малите деца покажуваат дека се уморни со гризење, барање внимание и не сакаат да си играат.
Непрехранбени алергии кај деца
Ако децата имаат алергии на куќна прашина, полен од дрва или трева, животни, латекс, убоди и каснувања од инсекти, треба да ги избегнуваат овие алергени. Симптомите на блага или умерена алергиска реакција вклучуваат осип, оток, пецкање, болки во стомакот, повраќање, поленска треска и астма. Симптомите на тешки алергиски реакции или анафилакса вклучуваат оток на устата, затегнатост на грлото, рапав глас, проблеми со дишењето и несвестица. Разговарајте со вашиот лекар за алергијата на вашето дете.
Шуга
Шугата претставува осип на кожата кој многу чеша, предизвикан од мали паразити. Изгледа како црвени траги и дамки на кожата. Шугата се шири многу лесно и треба внимателно да се лекува.
Шарлах
Симптомите на шарлах вклучуваат црвен испакнат осип, црвен јазик, болки во грлото, отечени жлезди и треска. Одете на лекар ако вашето дете има симптоми на шарлах. На вашето дете му се потребни антибиотици.
Варичела (овчи сипаници)
Варичелата изгледа како осип со црвени дамки кои се претвораат во плускавци. Користете сода бикарбона и вода или каламин лосион за да помогнете со јадежот. Чувајте го вашето дете подалеку од градинка или училиште додека не се исуши и последниот плускавец. Најдобар начин да се избегне варичела е да го вакцинирате вашето дете.
Заушки
„Заушките се вирусна инфекција на плунковните жлезди, која обично започнува со треска, по што следува оток околу лицето. Главни компликации се воспаление на тестисите и мозокот. Одете на лекар ако мислите дека вашето дете има заушки. Третирајте ги симптомите на заушки со парацетамол или ибупрофен, одмор и течности. Ставање на мраз исто така може да помогне при болка и оток. Имунизацијата е најдобрата заштита од заушки .. "
Каснувања и убоди од инсекти
Можете сами да лекувате многу каснувања од инсекти и убоди од инсекти, обично со антихистаминици, парацетамол или ибупрофен во препорачани дози. Но, ако вашето дете има каква било тешка или невообичаена реакција на убод или каснување од инсект, веднаш треба да побарате медицинска помош.
Стекнување навики за тоалет: практичен водич
Помагањето на вашето дете да научи да користи нокшир или тоалет е голем и многу возбудлив чекор за вас двајцата. Ако останете позитивни и мирни, детето најверојатно побрзо ќе стеекне навики. Тајната е да се чекаат знаци дека вашето дете е подготвено за користење на тоалет.
Плагиоцефалија
Плагиоцефалија е погрешно обликувана или рамна глава.Тоа може да се случи во матката или за време на раѓањето. Исто така може да се развие во раните месеци од животот. Плагиоцефалија обично се поправа како што бебето расте, но понекогаш е потребен третман. Помогнете да се спречи плагиоцефалија со ставање на бебето на стомак и наизменично менување на позицијата на главата.
Нетолеранција кон храна кај деца
Нетолеранцијата кон храна не е исто како алергија на храна. Симптомите на нетолеранција кон храна вклучуваат надуеност, дијареа и болки во стомакот. Симптомите на нетолеранција кон храна обично поминуваат сами по себе. Вообичаената храна која предизвикува нетолеранција вклучува лактоза, пченица, адитиви и фруктоза.